Вучиќ: Не се во прашање само санкциите кон Русија, туку меѓусебното признавање со Косово

Вучиќ во ОН/ Фото ANGELA WEISS / AFP / Profimedia

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека медиумите погрешно пренеле дека Европскиот парламент вчера има донесено резолуција во која се бара воведување на санкции кон Русија, или во спротивно ќе и бидат ускратени пристапните фондови на ЕУ, оценувајќи дека ЕП донел само препораки.

Ако на 79 отсто од пратениците на ЕП барањето е да го признаеме Косово и дека е тоа најбитната препорака, ова само потврдува дека доколку воведеме санкции кон Русија, утре би не потапкале по рамето, а задутре веќе би се појавила нова резолуција за признавањето на Косово, изјави Вучиќ и додаде дека „не е заинтересиран за меѓусебно признавање со Косово”.

Тој оцени дека е важна суштината на текстот и дека „не се во прашање само санкции кон Русија, тоа што го бараат од нас е многу потешко од воведувањето санкции-тоа што го бараат е меѓусебното признавање”.

Како што посочи, „синоќа 20 минути до полноќ разговарал со Брисел 50 пати и дека на секој збор реагирал”. Вучиќ порача дека „не е посебно возбуден и дека ќе продолжи да слуша што му кажуваат, и дека одлуките ќе ги носи со почитување на својот народ”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот