Вучиќ: Брисел знае која страна го кочи дијалогот, но не сака јавно да каже
Иако во Брисел знаат која страна го блокира напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, тоа никој јавно нема да го каже, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
Препорачано
„Европската унија и Американците се согласуваат со нас за ова“, изјави Вучиќ за бриселскиот портал „Политико“.
Во текстот се наведува дека Вучиќ неодамна повикал на повторно одржување избори во четири општини на северот на Косово, населен со српско население и се додава дека и покрај отсуството на јасен демократски мандат, Курти ги „охрабрил“ албанските политичари да ги окупираат административните згради и простории и да испрати членови на т.н косовската полиција, што довело до криза и „ги разбранило страстите на двете страни“.
На обвинувањата на премиерот на приштинските институции, Албин Курти, дека спроведува „неразумни и очајнички“ мерки, како и дека води „агресивна кампања“, претседателот Вучиќ одговори: „Ако е неразумно и агресивно да има демократски избори, тогаш е во ред, многу му благодарам.“
Претседателот на Србија вели дека нема никаков интерес да „го разгорува огнот“.
„Не сакам да учествувам во кампања против Курти или ад хоминем против некого“, тврди Вучиќ.
Тој оценува дека се добива впечаток дека властите во Приштина се „опседнати“ со него.


