Вучиќ како бруцош на првото предавање за кошаркарски тренер: Среќен сум што тргнувам во реализација на детските сништа

Фото: instagram

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска присуствуваше на свечениот почеток на новата учебна година на Високото спортско и здравствено училиште на стручни студии на кое летоска стана бруцош.

Веста ја објави на својот официјален инстаграм налог насловен како „иднинанасрбија“ со фотографија од амфитеатарот со колегите.

– Многу сум среќен што по многу години тргнувам во остварување на моите детски сништа, пишува покрај објавената фотографија.

Вучиќ во еднмо од интервјуата претходно најави дека се образува за кошаркарски тренер и дека планира да се занимава со таа професија по завршување на политичката кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот