Вториот круг од изборите за градоначалници ќе го следат 1.622 домашни и странски набљудувачи

Вториот круг од локалните избори, во кои треба да се изберат градоначалници во 32 општини и Градот Скопје, ќе го следат вкупно 1 622 акредитирани набљудувачи, од кои 957 се домашни, а 621 меѓународни, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

За изборите ќе известуваат и 14 странски новинари.

Според податоците објавени на веб-страницата на ДИК, најмногу дошани набљудувачи, односно 685, има Здружението за развој на општествено-социјални иновации „Ваке уп“ Скопје.

Пред првиот круг на изборите за набљудување беа акредитирани и МКЦ-Битола со 23 набљудувачи, ЛАГ Агро Лидер-Кривогаштани со петмина набљудувачи, Интерактив Битола со осум, Ромалитико-Скопје – 10, Здружение за општествен развој „За Тетово“ – пет, Национален совет за родова рамноправност – 25, Здружение Планинарски спортски клуб „КАБ Струга”, Струга – 16, Евротинк-Центар за европски стратегии – четворица, Здружение на граѓани ЦИВИЛ „Центар за слобода“ Скопје – 60, Здружение на граѓани за зајакнување на демократските вредности Три си консалтинг“ Скопјe – шест, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи „Охрид“ – 27 набљудувачи, Национална мрежа „Жените за жените“ – 20, Национален Ромски Центар има еден набљудувач, Здружение за унапредување на демократијата Демокраси Лаб Тетово – четорица, Национален ромски центар, Куманово – двајца, Центар за стратегиски истражувања и анализи ЦСИА Битола – еден, Здружение за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива – 11, Институт за социјална промена ИНСОК – 10 и Здружението за права и хуманост „Интегра НАУ“ – 10.

Од меѓународните организации, најмногу набљудувачи има акредитирано ОДИХР – Канцеларија за демократскин институции и човелови права – 500.

Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во земјава ќе ги следи изборите со 30 наљудувачи, Советот на Европа со 24, Европскиот парламент – 18, Амсадата на Велика Британија – 11, ДИК на Хрватска – двајца, Унгарската амбасада – осум, Центар за развој, реформи и обуки на изборни систем Грузија – двајца, Амбасада на Словачка еден, Централна изборна комисија на Украина – еден, Меѓународна Фондација за изборни системи Вашингтон, САД-подружница во РСМ – седум, Амбасада на Франција – девет, Амбасада на Кралството Холандија – десет, Институт за соработка и развој Франција – еден, Врховен изборен совет на Република Турција – двајца, Амбасадата на Швајцарија – тројца, ДИК Молдавија – двајца, Амбасада на Република Албанија – четворица, Амбасадата на Турција – еден, Амбасадата на Косово тројца, Центар за тренинг на Молдавија еден и Централна изборна комисија на Косово има 10 набљудувачи и Белградскиот форум за свет на рамноправните – еден.

Од странските новински куќи, изборите ќе ги следа телевизијата Клан од Косово со шест новинари, Топ ченл Албанија со еден, давјац од ТВ1 Косово, Европската прес агенција со еден, ТРТ има двајца, а исто толку акредитирани новинари има и РТ Косово.

ВО ЖИВО | Локални избори во Македонија — втор круг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот