Втората лига остана со една екипа помалку, Беса се повлече

Екипата на Беса од Добридол нема да биде дел од Втората лига во новата натпреварувачка сезона, потврдија од таборот на клубот.

По дебитантската сезона во Првата лига, во која завршија на десеттото место и потоа беа поразени во бараж-дуелот за опстанок од Башкими со 0-2, Беса не успеа да го задржи елитниот статус. Веднаш по испаѓањето, клубот најави повлекување од сениорската конкуренција, со фокус на младинските категории.

Иако во еден момент се појавија најави дека Беса ќе настапува во Втората лига, сега стигна официјална потврда,  клубот дефинитивно се повлекува и нема да учествува во второлигашката конкуренција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот