Втор хеликоптер на МВР ќе се вклучи во гаснење на пожарот на Јакупица

Фото: ЦУК

Втор хеликоптер на МВР ќе се вклучи во гаснење на пожарот на планината Јакупица, информираше попладнево директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Пет пожарникари од ТППЕ Велес со хеликоптер на МВР се префрлени до пожарот на планината Јакупица. Поради одржување на делумна контрола врз пожарот, во гаснењето ќе се вклучи и втор хеликоптер на МВР. Благодарност до храбрите пилоти и пожарникари, вели Ангелов во пишана изјава.

Пожарникарите сè уште не можат да го стават под контрола пожарот што синоќа избувна над селото Горно Врановци, a од ЦУК информираа дека се работи за пожар на поголема надморска височина од над 1.200 метри.

Ангелов денеска беше дел од хеликоптерско извидување на пожарот на планината Јакупица на просторот меѓу Чашка и Богомила, соопштија од ЦУК.

Во текот на доцните попладневни часови во вчерашниот ден, пријавен е пожар над село Горно Врановци, општина Чашка. Пожарот е сериозен, гори трева, но, веќе на некои места е навлезен во шума. Можеби ќе има потреба од дополнителна хеликоптерска интервенција, изјави Ангелов.

Тој додава дека екипа на ЈП „Национални шуми“ се обидува да воспостави контрола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот