Вселенскиот патријарх Вартоломеј / Фото: МИА

Вселенскиот патријарх Вартоломеј повика на мир пред средбата Трамп-Путин во Алјаска

Повик за мир во пресрет на средбата на претседателите на Соединетите Американски Држави и Русија во Алјаска упати Вселенскиот патријарх Вартоломеј од неговиот роден град Имброс, турски остров во Егејското море каде што отпатува за прославата на 15 август.

Обраќајќи се пред верниците по вечерната служба на празникот Успение на Пресвета Богородица, Вселенскиот патријарх рече дека има место за сите и „нема потреба да се убиваме за да се вклопиме“.

„Господи, помилуј нè нас и светот. И просвети ги големите што ќе се сретнат утре во Алјаска за да донесат мир во светот, да ги запрат крвопролевањата, да владеат со разум, да преовладуваат со правда и меѓусебно почитување. Во овој прекрасен и благословен свет каков што го создал семудриот и семоќен Бог, има место за сите. Нема потреба да се убиваме за да се вклопиме. Црквата ни вели „мир на сите“. Дај ни, Господи, Твојот мир, кој го надминува секое разбирање“, порача вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе се врати од Имброс во Истанбул на 20 август, а потоа, помеѓу 21 и 27 август, ќе ги посети Шведска и Италија за да ги исполни своите обврски.

Трамп и Путин се среќаваат денес во Анкориџ во 11:00 часот по локално време

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот