Врховен потврди уште една одлука на Апелација: Бизнисменот Сеад Кочан останува во затвор

Врховниот суд потврди уште една одлуката на Алепациониот суд. Овојпат се однесува на бизнисменот Сеад Кочан со која е осуден на затворска казна од четири години и осум месеци. Во соопштението се наведува дека барањата на бранителите на Кочан се одбиени како неосновани и ја потврдуваат пресудата на Апелациониот суд Скопје.

Бизнисменот Сеад Кочан е осуден за случајот „Труст“, на сега веќе затвореното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Предметот беше отворен за манипулации при добивање на тендер од ЕЛЕМ од 17 милиони евра со прикажување лажна документација. Тој веќе една година отслужува затворска казна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот