ВРХОВЕН ОДЛУЧИ: Томор Морина е слободен граѓанин – Слободен печат
ВестиМакедонија

ВРХОВЕН ОДЛУЧИ: Томор Морина е слободен граѓанин

Македонскиот Врховен суд оценил дека не се исполнети законските претпоставки од Скопје во Белград да биде екстрадиран поранешниот војник на УЧК, Томор Морина.

Врховниот суд на Република Северна Македонија одлучи македонските власти во Србија да не го екстрадираат државјаниниот на Велика Британија и на Косово, поранешниот војник на УЧК, Томор Морина.

Во образложението на решението е наведено дека Томор Морина, чија што екстрадиција се бара, е државјанин на Република Косово и Велика Британија, а не државјанин на Република Србија, додека пак, кривичното дело за кое се бара екстрадиција на лицето е сторено на територија на Косово, ставено под власт на Обединетите нации со резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации S/RES/1244 (1999) од 10.06.1999 година, независно од 2008 година, која независност е признаена и од страна на Република Северна Македонија.

Поради тоа, согласно со одредбите од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и од Европската конвенција за екстрадиција со Првиот и Вториот Дополнителен протокол во врска со Законот за ратификација на Третиот доолнителен протокол на Европската конвенција за екстрадиција и Законот за ратификација на Договорот меѓу Република Македонија и Република Србија за екстрадиција, судот нашол дека не се исполнети законските претпоставки за екстрадиција на Морина.

Врховниот суд во совет составен од судиите Рахилка Стојковска – претседател на советот, Шпенд Деваја и Африм Фидани, членови на советот, со виш судски соработник, по извршениот увид во списите приложени кон предметот, решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје КИОК-КС.бр.252/19 од 7 овој месец, а имајќи го предвид и мислењето на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, заклучи дека „решението е основано”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close