ВРЕМЕ Ѐ ЗА ВОЈНА: Трамп ја споменува Армијата поради убиеното семејство во Мексико

Фото: ЕПА

Претседателот на Америка, Доналд Трамп, на Твитер напиша многу сериозна порака, непосредно по масакрот во Мексико, во кој беа убиени девет члена на американско мормонско семејство, меѓу кои и мали деца.

-Време е Мексико да им објави војна на наркокартелите- напиша Трамп на Твитер.

Трамп изјави дека е подготвен да ја испрати Армијата во Мексико.

-Прекрасно семејство и пријатели од Јута се жртви на меѓусебна пресметка на опасни наркокартели. Доколку Мексико побара наша помош, за да се ослободи од овие чудовишта, САД стојат на располагање, подготвени сме и желни да интервенираме и да ја завршиме работата побрзо и ефикасно. Наркокартелите станаа големи и моќни, понекогаш е потребно војската да ја победи војската- напиша Трамп.

Исто така, додаде дека е време наркокартелите да се збришат од планетата Земја.

-Дојде време Мексико, со помош на Соединетите држави, да им објави војна на наркокартелите и да ги збришеме од лицето на Земјата. Не можеме да го дочекаме повикот за помош од вашиот нов претседател- напиша Трамп.

БРУТАЛЕН МЕТОД НА КАРТЕЛОТ: Ова се американските семејства кои по грешка сурово беа ликвидирани во Мексико

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот