ФОТО: Враќање во деведесеттите – Како изгледаше Кетрин Зита Џонс (51) на почетокот на кариерата?

Profimedia
Фото: Профимедиа

Погледнете како славнта холивудска актерка изгледала на свои дваесет години…

Холивудската актерка Кетрин Зита Џонс (51) и во шестата деценија важи за една од најубавите жени на светот.

Заводливата сопруга на Мајкл Даглас (76) каде и да се појави привлекува внимание со својот изглед, а сега одлучи барем за момент да се врати во младоста, поставувајќи фотографија од далечната 1991 година.

Оскаровката тогаш имаше 22 години и беше на почетокот на актерската кариера.

Фото: Инстаграм

„Една од моите први награди за улогата во серијата „Убави мајски бакнежи“. Толку среќен и неопислив момент на кој денес со радост се сеќавам“, напиша актерката во описот на фотографијата.

Тогаш младата Кетрин имала сосема поинаква фризура, побујна и со локни, а во склад со тогашните трендови имала и поинаква шминка и облека.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот