Вработни во судови и во обвинителства во петок ќе протестираат пред Собрание

Синдикат на УПОЗ. Фото: МИА

Во Предлог-буџетот за 2024 година, според сознанијата на Синдикатот на УПОЗ, нема пари за раст на платите согласно растот на минималната плата што ќе се случи во март

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) најавува протест во петок пред Собранието затоа што тогаш, според информациите што ги имаат, пратениците ќе расправаат за Предлог-буџетот.

Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски рече дека на протестот ќе бидат присутни вработените во судовите и обвинителствата, а поканети се и сите останати синдикати кои се незадоволни. На протестот во петок ќе се приклучат и вработените од Фондот за здравствено осигурување.

-Според информациите што ги имаме, планот на Владата е во март кога ќе порасне минималната плата, усогласување со неа да не добие никој од вработените во јавниот сектор. Исто така, дознаваме дека е можно изигрување на сите вработени, да се направат закони без учество на синдикати, сами да си ги направат коефициентите на сложеност, што значи дека и тоа што е предвидено во општиот колективен договор да не стапи на сила како што треба од 2025 година- рече Деаноски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот