Вработете се кај кралицата: 33 дена годишен одмор, бесплатно сместување и плата која сите би ја посакале

профимедиа

Британското кралско семејство распиша конкурс за уредник на социјалните мрежи, чија примарна задача ќе биде да се грижи за онлајн имиџот на кралицата Елизабета.

Имено, лицето кое ќе биде примено на оваа позиција ќе „пронаоѓа нови начини за зачуваување на приватноста на кралицата во јавноста и на меѓународната сцена“, стои во официјалниот оглас.

– Улогата на кралските комуникации е да се запознае светската јавност со улогата и работата на кралското семејство. Без оглед дали пишувате за државна посета, за свечено доделување на награди или за случувања во кралскиот дом, мора да се грижите нашиот дигитален медиум непрекинато да поттикнува интерес и да допира до широката публика, стои во огласот.

Но, тоа секако не е се. Имено на идниот вработен му се нуди плата од 54 до 60 илјади евра, 33 дена годишен одмор, бесплатен ручек и прилика за креирање на содржини за милиони луѓе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот