Вработените во здравството од септември ќе добијат поголеми плати
Mинистерот за здравство Фатмир Меџити, претседателот на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита д-р Љубиша Каранфиловски, претседателот на Синдикатот на клинички д-р Предраг Серафимовски и претставници на Фондот за здравствено осигурување денеска остварија средба на која дискутирале за начинот на имплементација на покачувањето на платите на вработените во здравството.
Препорачано
Согласно новиот Општ колективен договор за вработените во јавен сектор од септември и вработените во здравството ќе добиваат за десет проценти поголеми плати.
Во фокусот на разговорите беше начинот на имплементација на покачувањето на платите и пресметките кои треба да бидат подготвени пред истото да се реализира. Ние се стремиме да имаме мотивирани здравствени работници кои посветено ќе работат и ќе обезбедат квалитетна здравствена заштита за пациентите – велат од Министерството за здравство.
Покачувањето на платите, од Министерството додаваат дека ќе се реализира како дел од новиот Општ колективен договор кој неодамна беше склучен помеѓу Владата и Сојузот на синдикати на Македонија.


