Вработените во управните служби утре ќе добијат уште една плата како награда за промена на документите

фото: Влада на РСМ, Митко Бојмацалиев, Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи во техничката Влада

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, во прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија информираше за денешната одлука на седница на Владата со која се задолжува МВР од утре да ги издава возачките дозволи и сообраќајните дозволи со новото име на државата, на товар на МВР.

Бојмацалиев во оваа прилика изрази благодарност до сите вработени во МВР кои изминатиот период се ангажирани во управните служби да работат на промената на личните документи на граѓаните.

„Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на сите колеги кои работата во управните служби изминатиот период кои работат во смени, за викенди и на празници, кои дадоа свој личен придонес за промена на патните исправи, на лични документи и сите останати документи кои граѓаните требаше да ги променат од Република Македонија со новото име Република Северна Македонија.

Воедно, ги информирам дека утре на своите сметки ќе добијат по една плата во висина од последната исплатена плата која ја имале од МВР, акт кој исто така е потпишан од мене.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот