ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Разурлавен бик уби волонтер на корида

Традиционалната борба со бикови која се одржа во Замора, Шпанија беше предвреме прекината откако еден волонтер беше убиен од страна на разурлавен бик.

Веднаш откако бикот беше пуштен во арената, тој се сврте назад и го нападна волонтерот кој во борбите за бикови е познат како “ториљеро“. Рогот на бикот заврши во вратот на несреќниот 60-годишен волонтер кој починал на лице место.

Задачата на „ториљеро“ е да ја отвори врата на бикот за да влезе во арената и на тореадорите да им ги даде „бандирељите“, прачки со остри шилци кои се зариваат во бикот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот