ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Опиле кокошка во близина на Биоград па ја мачеле и клоцале како фудбалска топка

Брутална „забава“ се одржа во Градската сала на Општина Полаша, недалеку од Биоград во северна Далмација, каде главниот настан беше тортура врз кокошки, пренесува Задарски.хр.

Забавата, според тоа, се одржа во затворен простор, во општинската сала, каде што славеничките со себе донесоа кокошка.

Насилниците прво, пишува Задарски, кокошката ја опиле со пиво, а потоа го пуштиле сиротото животно да трча, удирајќи го како да е фудбалска топка … Тие исто така го удриле и го малтретирале.

Не е познато по која пригода се одржала забавата или кој сè бил присутен на истата. Само може да се види дека некои од присутните мажи имаат тренерки на Фудбалскиот клуб Полажа.

„Имаме информации, спроведуваме истраги за да ги утврдиме сите околности на настанот. По завршувањето на истрагата, ќе ја информираме јавноста за собраните информации“, изјави за Индекс портпаролот на полициската администрација во Задар, Ивана Грбин.

Индекс се обиде да добие повеќе информации за овој настан, но ниту градоначалникот Томислав Пртењаша ниту некој друг од општината не одговорил. На повиците не одговорил ниту некој од Фудбалскиот клуб Полаша.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот