ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Мигрант безмилосно нападна стара жена

Денес, во населбата Сјењак во Тузла, околу 14 часот и 45 минути е забележан инцидент во кој учествувал мигрант. Како што пренесува Тузлански.ба според неофицијални податоци се работи за алжирец. Тој, како што се гледа на видеото кое го снимил случаен минувач, физички напаѓа постара жена која продава зеленчук.

Полицијата веднаш реагирала и го уапсила напаѓачот. Жената со иницијали Ф.А. (1955) од Тузла е пренесена во клиничкиот центар во Тузла, каде ќе и биде пружена помош и ќе биде констатиран степенот на повредите.

Известен е и дежурниот обвинител на Обвинителството на Тузланскиот кантон. По апсењето и мигрантот се пожалил на болка лишувањето од слобода, мигрантот исто така се пожалил на болка поради наводни тепачки во кои учествувал порано па и тој е испратен на лекарски преглед.

„Сите понатамошни мерки и активности во врска со овој случај ќе бидат преземени од во соработка со дежурниот обвинител“-изјави за Тузлански.ба портпаролката на Полицискиот директорат на Амра Капиџиќ.

Очевидци изјавиле дека пред да ја  удри жената која продаваше зеленчук и други прехранбени производи мигрантот им создал проблеми и на вработените во пазарот „Бинго“. ‘

„Тој беше видливо под дејство на некои опијати (алкохол или некоја дрога), беше целосно вознемирен и се однесуваше агресивно. Снимив за да го покажам неговото однесување, не сфаќајќи дека ќе употреби сила на таков брутален начин, штом го стори тоа, тој беше совладан до доаѓањето на полицијата“ изјавил очевидецецот кој го снимил инцидентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот