Вознемирувачка репортажа: Ова е катастрофа, а најтешкото се уште не стигнало

Њујорк Тајмс пренесе репортажа од болница во Бруклин која како независна здравствена установа се соочува со голем предизвик во борбата со корона вирусот. Им недостасуваат уреди за тестирање и заштитна опрема, лекарите заболуваат или одат во карантин, а секој ден е се потешко и потешко.

Корона вирусот пристигна и во Болничкиот центар во Бруклин пред неколку дена, а Д-р. Силви де Соуза почнала на хартија да ги забележува деталите за секој потенцијален случај. Меѓувреме бројката на заразени скокна на 800 потврдени случаи. Првата жртва од КОВИД-19 во САД е регистрирана токму во Бруклин.

И таа и нејзините колеги се подготвувале за вакво сценарио, откажале голем број операции за да го намалат бројот на пациенти, обезбедиле рентген просторија само за овие случаи, тргнале во потрага по дополнителна опрема, на голем број од пациентите им забраниле да примаат посети и отвориле телефонски линии за помош.

Болницата е стара 175 години ги зголемила своите сместувачки капацитети на барање на њујоршкиот гувернер Едру Куомо. Иако билницата има лиценца за згрижување на 464 пациенти, имаат вработени и кревети и кревети за грижа на 250 до 300 пациенти. Планираат да го дуплираат овој број ако во иднина има потреба за тоа.

Доктор Соуза изјавила дека во моментив стравува од повеќе причини. Доколку бројот на пациенти се зголемува со исто темпо, следниот ден нема да има повеќе место за прием на нови пациенти. Таа вели дека се плаши оти ќе мора да бира ако ситуацијата налага во еден момент да има многу критични случаи.

Се што можеме во овој момент е само да се молиме, да се држиме заедно охрабрувајќи се меѓусебно, недозволувајќи да не парализира стравот, додава Соуза.

Повеќе од половина од вработените во болницата се заболени од корона вирус, а повеќето од нив се инфицирани од првиот пациент кој бил донесен во клиниката, кој покажал симптоми на ова заболување во болницата откако претходни бил хоспитализиран поради друг здравствен проблем.

Некои од нив се во карантин. Најмногу загрижува состојбата на двајца вработени во болницата кои се сместени на интензивна нега.

Во понеделникот на итен прием пред доктор Соуза се појавило познато лице. Пациентот толку силно кашлал што едвај можел да зборува. Младото момче бил 31 годишниот Д-р. Јилиао Фан, еден од вработените во болницата на одделот за орална хирургија кај кого бил потврден корона вирусот, а претходно немал други здравствени проблеми.

Во изолација поминал една недела во домашни услови и мислел дека состојбата му е подобрена, но потоа почнал да искашлува крв.

Доктор Фан, пациент и хирург упати порака до нацијата која расправа за тоа како де се избори против пандемијата. Со голем напор изговорил – Само останете дома.

Болницата строго ги чува залихите од медицинска опрема бидејќи брзо се троши, а неделава се соочува со недостаток на заштитни одела.

Секој вработен добива сет опрема која се состои од маска Н95 која филтрира вируси, хируршка маска со пластичен филтер. Во сетот има и тенко сино одело кое ги штити рацете и предниот дел од телото и еден пар чизми. Овие залихи како што велат од болницата се донација.

Болницата нема матична компанија од каде би можела да побара дополнителна опрема, ниту пак друга институција со која би можела да ги дели ресурсите. Минатата недела останала без тестови за корона вирус.

Според новите правила на локалниот здравствен завод лекарите сега ќе може да ги тестираат само оние лица кои мора да бидат хоспитализирани.

Но и тука се соочиле со проблем. Во средата 65 лица чекале резултати и тие морале да бидат изолирани во соба која вообичаено се користи за двајца пациенти.

Државата побарала од нив да го зголемат капацитетот за дополнителни 50 легла.

Кога корона вирусот пристигнал во болницата Соуза морала да работи три дена без престан бидејќи нејзиниот заменик морал да седи во самоизолација.

За да ја заштити својата фамилија решила да се дистанцира од нив се додека не заврши пандемијата но тие инсистирале да останат дома па кога се враќа мора да се тушира и да го испере своето одело со жешка вода. Спие во одвоена соба за да држи дистанца од нејзиниот сопруг и нејзиниот син кој живее заедно со неговата девојка.

Д-р Силви де Соуза е свесна дека доаѓаат тешки денови. Ја прогонуваат информациите за италијанските лекари кои поради огромниот број на заразени одлучуваат да не им пружат помош на постарите пациенти.

Таа додава дека во моментов болницата е преполна а две третини од пациентите се хоспитализирани поради корона вирус.

Кај пациентите кај кои ќе се развие воспалување на белите дробови во најголем број случаи завршуваат на аспиратор по неколку недели. Во моментов болницата располага со 61 машина и размислува да купи нови.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот