Германија на нозе: Шести ден од потрагата по момче со аутизам

Германска полиција / Фото EPA-EFE/Blaulicht-News

На северот на Германија веќе шести ден трае големата потрага по шестгодишното момче со аутизам, кое исчезна во понеделникот во близина на градот Бремерворде, западно од Хамбург.

Во потрагата учествуваат бројни доброволци, специјални кучиња и војници со специјална технологија, чиј број во петокот се зголеми на 450, јавува германската новинска агенција ДПА.

Шестгодишниот Аријан во понеделникот вечерта го напуштил домот на своите родители во Елмо. Надзорна камера го снимила како трча кон шумата.

Стотици луѓе ја контролираат областа веќе неколку дена, а во петокот германската армија ја зголеми поддршката на вкупно 450 војници.

Со оглед на тоа што момчето има аутизам и не реагира кога некој ќе му се јави или разговара, тие користеа посебна, тивка тактика во операцијата за пребарување, но засега не била успешна, јавуваат германските медиуми.

На почетокот на неделата, меѓу другото, со надеж дека ќе го привлечат момчето, бил поставен огномет, а пожарникарите закачиле слатки и балони во шумата во близина на неговата куќа. Потоа ја прошириле областа за пребарување и користеле дронови и хеликоптер со надеж дека ќе го забележат момчето од воздух. Го користеле и авионот „Торнадо“, кој фотографирал од воздух со термална камера. Потрагата продолжува и денеска по реката Оста која на почетокот на неделата веќе беше претресена од полициски нуркачи.

Како што пишуваат германските медиуми, родителите на момчето бараат од локалното население да ги пребара нивните имоти, гаражи, како и разни шахти и канти за отпадоци, бидејќи не ја исклучуваат можноста некаде да се крие. Поради тоа, собирањето смет во тој простор е откажано до понатамошно известување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот