Vox Organizations – прв патент во нашата земја од областа на општествените науки (ВИДЕО)

Во просториите на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) се одржа промоција на првиот патент од областа на општествените науки во нашата земја – Vox Organizations и презентација на моделот за мерење огранизациска култура, лидерски стил и огранизациска усогласеност.

Vox Organizations е резултат на долготрајна научна работа. Покрај проф. Маријан И. Бојаџиев, во тимот се и Ана Томовска Мисоска и Миодрага Стефановска Петковска, а од 2017 година на тимот се приклучува и Ивона Милева. Тие имаат објавено повеќе од 20 научни и стручни трудови, од кои првиот е објавен во 2011 година, а круна на истражувачката работа на тимот е добивањето на Патент за Vox Organizations.

Според тимот, моделот се базира на досегашната литература за огранизациска култура. За неа постојат бројни дефиниции, но најопштата вели дека огранизациската култура ги претставува верувањата, претпоставките, вредностите и начините на интеракција кои придонесуваат за единствена социјална и психолошка околина во огранизациите. „Огранизациската култура често се опишува како невидливиот дел од сантата мраз“.

Некои од најважните автори на кои тимот се потпираше се Hofstede, Cameron & Quin.

Професорот Бојаџиев ја дефинира огранизациската култура како: „Огранизациската култура е непишан систем на вредности и норми кои ги определуваат интеракциите, однесувањата, донесувањето одлуки и процесите во рамките на огранизацијата“.

Vox Organizations моделот на огранизациска култура се базира на две главни димензии:

  1. Начин на донесување одлуки,
  2. Претприемничка ориентација.

На оваа основа постојат четири можни солуции:

– Претприемничка автократија – организација која е отворена за ризик и иновативност, но која има автократски систем за донесување одлуки;

– Претприемничка демократија – огранизација која е отворена за ризик и иновативност, и која има пратиципативен и демократски систем за донесување одлуки;

– Конзервативна автократија – огранизација која не е отворена за ризик и иновативност, и која има автократски систем за донесување одлуки;

– Конзервативна демократија – огранизација која не е отворена за ризик и иновативност, и која има автократски систем за донесување одлуки.

Тимот на Vox Organizations го сочинуваат:

– Маријан И. Бојаџиев, д-р по економски науки, професор по лидерство, огранизациско однесување и претприемништво.

– Ана Томовска Мисоска, д-р по психологија, професорка по бихејвиористички предмети.

– Миодрага Стефановска Петковска, д-р по социјологија, професорка по повеќе предмети.

Додека од 2017 година на тимот се приклучи и Ивона Милева, м-р по бизнис, како Vox Специјалист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот