Инспектори два часа со полиција преговарале да влезат во ординација во Струга – забранија да работи
Комплетно опремена гинеколошка ординација од 25 квадратни метри, во куќа во Струга, за која немало табла дека е ординација, открија инспекторите на Државниот здравствен и санитарен инспекторат по што побара Министерството за здравство да ја одземе дозволата за работа. Исто така, ДСЗИ издаде решение за забрана за вршење на дејност поради неисполнување на условите од членот 301 од Законот за здравствена заштита.
По двочасовно преговарање со сопствениците на објектот, инспекторите и полицијата влегоа во посочениот простор, кој имал 25 квадратни метри и бил опремен за ординација за гинекологија и акушерство, при што затекнататата фактичка состојба индиректно укажува дека во него се вршела гиниеколошко акушерска дејност. Притоа објектот воопшто не бил обележан за дејноста.
Просторијата во која се одвивала гинеколошко акушерската дејност е во сопственост на д-р З.П.Ш. доктор специјалист по гинекиологија и акушерство, вработена во ЈЗУ ОБ Струга.
При надзорот, приложен е Договор за отстапување на користење на простор од јануари 2021 година, каде стои дека просторијата се издава на времено користење на ПЗУ Д-р Благоја Парталоски. Наведената приватна здравствена установа ПЗУ Д-р Благоја Парталоски има решение издадено од Министерството за здравство од 1999 година, дека исполнува услови (простор, опрема и кадар) за вршење на специјалистичко гинеколошко акушерска дејност на горе споменатата адреса, а која во моментот нема носител на дејност бидејќи д-р Парталоски е во пензија од 2009 година а има отстапувања и во однос на просторот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
7мин
-
8мин
-
11мин
-
26мин
-
29мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


