Волк ѝ го убил понито на Урсула фон дер Лајен

Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен објави дека целото нејзино семејство е „ужасно вознемирено“ поради угинувањето на еден од нејзините коњи пони, за кој се сомневаат дека е убиен од волк.

„Таа вест ужасно го вознемири целото наше семејство“, изјави Фон дер Лајен.

Коњчето било старо 30 години. Тоа било на пасиште со уште едно пони, кое успеало да го избегне волчјиот напад.

Германскиот весник „Билд“ пишува дека сопругот на Урсула Фон дер Лајен го пронашол закланото пони на само стотина метри од семејната куќа.

Министерството за животна средина на провинцијата Долна Саксонија, каде што живее семејството Фон дер Лајен, го потврди сомнежот за напад на волк. Инцидентот се случил во четвртокот вечерта во градот Бургдорф, североисточно од Хановер, главниот град на покраината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот