Воена зона на улиците на Дижон: Вооружени Чеченци се пресметуваа со други групи со автоматско оружје (ВИДЕО)

epa08487978 A car burns after scenes of violence in the Gresilles neighborhood in Dijon, France, 15 June 2020 (issued 16 June 2020). Members of the Chechen community gathered in Dijon to avenge one of their family, who was allegedly beaten last week. EPA-EFE/VINCENT LINDENEHER FRANCE OUT / SHUTTERSTOCK OUT

Елисејската палата побара од министерството за внатрешни работи да ја испита можноста за исфрлање од земјата на сите странци кои биле вклучени во овие судири.

Голема пресметка на вооружена група Чеченци и Магребјани се одивавше изминативе неколку дена на улиците на Дижон, пред очите на зачудените жители на овој француски град.

Насилството почнало кога 16-годишен Чеченец е претепан и тешко повреден минатата среда, а во целата работа се вмешани дилери на дрога. За да се одмаздат, повеќе од 200 Чеченци нападнале еден наргиле бар во градот, барајќи виновници. Дошле од цела Франција, дури и од Белгија.

Судирите се прошириле низ градот, запалени се автомобили и градска урбана опрема. Снимките од големо насилство, со превртени автомобили, железни и бејзбол палки, но и вперено оружје, кружат на социјлните мрежи. Во позадина се слушаат детонации. Имало и повредени со вистински куршуми.

Полицијата најпрво само немо го набљудувала урбаното насилство, со истакнување дека нема доволно ефектива. Добиле засилување, па околу 150 припадници на силите на редот тргнаа во целодневна пресметка со локалната група во дижонската населба Грезиј, кое ја бранеше „својата територија“. Овој пат, велат, немало Чеченци.

Уапсени се четворица жители на квартот, поради собирања со поседување оружје и фрлање на опасни предмети. Чеченците не биле идентификувани до вчера, зошто носеле маски и ги залепиле регистарските таблички на автомобилите. Кога конечно е утврден идентитетот на еден дел од учесниците, истакнато е дека најголем дел добиле статус на бегалци и од порано ѝ се познати на полицијата. Елисејската палата побара од министерството за внатрешни работи да ја испита можноста за исфрлање од земјата на сите странци кои биле вклучени во овие судири.

Вчера на самото место бил државниот секретар за внатрешни работи Лоран Нуњез ветувајќи одлучна реакција на државата, но по него дојде и лидерката на Националиот фронт Марин ле Пен. Таа по тој повод порача дека земјата потонала во хаос, праша што работи министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер додека бандите водат етнички војни со автоматско оружје и повторно го истакна проблемот со имиграцијата.

Солидарни

Се проценува дека во Франција има меѓу 20 и 30 илјади Чеченци, кои меѓу себе секогаш се поврзани и солидарни. Така се организираа во април во местото Троа каде беше нападнато едно дете, а во мај во Руан. Во неделата во Ница исто така дојде до големи судири кои се поврзуваат со настаните во Дижон. Уапсени се 45 луѓе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот