ВО ЖИВО: Скопје Прајд и пораките од учесниците

Скопје Прајд по четврти пат/Фото: Слободен печат

Сметам дека секоја заедница има право да ги ужива своите права без никакви предрасуди, без никакви ограничувања и токму затоа денеска сме тука да ја искажеме нашата поддршка, изјави министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска која денеска учествува на Скопје Прајд.

Нејзината колешка, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска исто така ја изрази својата поддршка за ЛГБТ+ заедницата во Македонија и се осврна на законската регулатива која се однесува на спречување на нивната дискриминација во македонското општество.

-Уставот пред се овозможува право на слобода на говор и почитување на основните човекови права, рече Тренчевска покрај која во поворката чекореше и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

За познатиот ТВ водител Огнен Јанески овој ден значи протест.

-Марширањето е израз на протест за еднакви права коишто мора да се обезбедат. Толку е едноставно. Колку повеќе се придружуваат луѓето толку повеќе поддржуваат и толку побрзо ќе се издејствуваат таквите права, рече Јанески.

И овој, четврти пат по ред џиновско знаме со боите на виножитото, заштитниот знак на ЛГБТИ заедницата се развиори пред Триумфалната порта од каде со возила и пеш, со гласна музика и транспаренти, започна Парадата на Гордоста.

-И јас како трансродова жена се залагам за семејните вредности. И јас имам семејство, но за мене семејните вредности се љубов, емпатија и поддршка од најблиските. Значи дека најблиските те прифаќаат со сите твои различности, доблести и маани и ти помагаат  да бидеш најдобрата верзија од себе, рече една од учесничките на Скопје Прајд и додаде дека како трансродова жена била жртва на говор на омраза особено од страна на организации кои, како што нагласи се здружуваат со единствена цел да ги негираат правата на ЛГБТ заедницата и родовата еднаквост.

Целата парада на гордоста во Скопје проследете ја во живо на следниот линк:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот