Протест во Кочани 10 мај 2025/Фото: Скриншот

ВО ЖИВО: Протестен марш на семејствата на загинатите во трагедијата во Кочани

Во 16 часот родителите, семејствата, роднините, пријателите и сограѓаните на загинатите млади во трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани започнаа протестен марш низ градот.

Со фотографии од своите чеда и со солзи во очите родителите, браќата и сестрите на жртвите чекорат низ градот.

Со „Маршот на ангелите“ тие ја повикуваат јавноста на солидарност.

-Ова е наш начин да ја одбележиме болката, да побараме правда и да ги потсетиме институциите дека не смееме да дозволиме ваква трагедија да се повтори – се вели во најавата на мирниот протест.

Во големиот пожар во дискотеката Пулс во раните утрински часови на 16 март годинава загинаа 62 млади лица од Кочани, Штип, Виница, Пробиштип. Струмица, Облешево и Скопје. Околу 200 лица беа повредени.

Семејствата на загинатите во пожарот во Кочани преку протести во градот и во Скопје бараат правда за најголемата трагедија која ја погоди државава и одговорност на сите инволвирани за сите протпусти направени при работата на дискотеката што доведе до трагичниот биланс.

Јавното обвинителство најави дека истрагата ќе заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16 – 17 јуни. Во постапката за случајот според министерот за внатрешни работи досега има 70 осомничени лица.

Семејствата на загинатите ја одбија поканата од Кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски за средба на 13 мај во Скопје. Во соопштение испратено до медиумите, родителите наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот