Прегазена жена на улицата „Народен фронт“ / Фото: „Слободен печат“, Методи Здравев
Во Врање е уапсен 18-годишниот возач кој ја прегази жената во Капиштец и избега, откри адвокатот Давидовиќ
Ж.Н.
Пред
18-годишниот возач кој минатиот месец ја прегази и ја усмрти 75-годишната Љуба Јаковлеска во скопската населба Капиштец, е уапсен во српскиот град Врање, откри вечерва адвокатот Звонко Давидовиќ во подкастот „Претрес“.
Станува збор за бегалецот Саит Саитов, кој откако ја удри жената, избега од местото на несреќата, а потоа и од државата, со помош на неговиот татко и роднини.
„Лицето ќе биде екстрадирано од Србија во Македонија. Најверојатно е приведен и неговиот татко”, вели Давидовиќ, кој ги брани роднините кои ги пренеле таткото и синот преку граница.
Според адвокатот, роднините тврделе дека не знаат оти младиот Саитов прегазил жена, кога го пренеле преку граничниот премин „Табановце“.
„Им верувам на моите клиенти дека не знаеле дека превезуваат сторител на такво тешко кривично дело. Мажот работи во Дирекција за заштита и спасување и е родител на дете со посебни потреби и за набавка на суплементи често патувал во Србија”, рече адвокатот Давидовиќ.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …