Мајка пријавила дека, во викенд куќа, нејзината малолетна ќерка била обљубена од страна на 20-годишно момче, информира МВР.
-На 15.09.2020 во 12.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, 39-годишна жена од радовишко село пријавила дека на 12.07.2020 во викенд куќа покрај патот Куманово – с.Клечовце, М.И.(20) извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка- наведуваат во дневниот билтен од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.