Во Уганда имало избори, па Мато немал интернет – затоа не му се јавувал на Вардар
Роџерс Мато од редовите на Вардар по вистинска трансфер-сага оваа зима се пресели во шкотскиот Хартс. Станува збор за платена позајмица, а репрезентативецот на Уганда на лето ќе остане во Шкотска и ќе ја продолжи соработката со новиот клуб, согласно договорот што го потпиша.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Дваесет и двегодишниот фудбалер предизвика големо внимание откако не се појави на зимските подготовки на Вардар во Анталија, иако од клубот му беа обезбедени авионски билети. По настапот на Африканскиот куп на нации, Мато доби неколку слободни денови и престојуваше во родната Уганда, по што целата ситуација ескалираше.
Откако трансферот беше финализиран и тој го запиша деби-настапот за Хартс, Мато се осврна на периодот кога беше недостапен за скопскиот клуб и се обиде да ја објасни причината за недоразбирањата.
„Во Уганда се одржуваа избори и поради тоа интернетот беше целосно исклучен. Немав можност да стапам во контакт со мојот агент, тренерот или со луѓето од Вардар. Веројатно тука настана целиот проблем“, изјави Мато, а објаснувањето предизвика реакции ако се земат предвид современите комуникациски можности.
На крајот, приказната доби позитивен епилог за сите инволвирани страни, Вардар обезбеди обесштетување за својот фудбалер, додека Хартс го доби Мато уште во јануарскиот преоден рок и ќе може да смета на него во трката за највисок пласман во шкотското првенство.
Официјално: Мато на позајмица во Хартс до крајот на сезоната


