Тотенхем/Tottenham Hotspur FB

Во Тотенхем ниту самите веќе не се сигурни дека ќе изборат опстанок, последниот потег е доказ

Екипата на Тотенхем го одложи процесот за обновување на сезонските билети, поради сериозната опасност клубот да испадне од Премиер лига кое според позицијата на табелата колку и чудно да звучи за лондонскиот клуб може да биде реалност.

Фановите можат да почнат да ги обнуваат билетите од денеска, меѓутоа рокот кој претходно беше до 15 март, сега е продолжен до 7 јуни, па така навивачите ќе имаат можност да ја видат разврската на сезоната, па потоа да се одлучат дали да го продолжат членството.

Во меѓувреме, клубот уште во февруари донесе одлука цените на сезонските билети да останат непроменети, по консултациите со навивачките групи.

Во спортска смисла, ситуацијата во клубот дополнително се влоши по назначувањето на Игор Тудор за привремен менаџер по отказот на Томас Франк. Под водство на хрватскиот стратег, тимот забележа четири порази на исто толку натпревари, а убедливиот пораз од Атлетико Мадрид со 5-2 речиси ги елиминираше од Лигата на шампионие.

Во моментов Тотенхем се наоѓа само еден бод над зоната за испаѓање, додека директните конкуренти за опстанок, Нотингем форест и Вест хем, прикажуваат подобра форма во финишот на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот