Во тетовска Шипковица при ископ пронајдени две вреќи со гранати

Шипковица Фото МИА

 Во Полициското одделение Попова Шапка вчера околу 11.00 часот било пријавено дека при изведување градежни работи во тетовското село Шипковица, во центарот на селото на место викано „Порој”, при ископ со работна машина биле пронајдени две вреќи со гранати.

По овластување на Јавен обвинител увид, информираа денеска од МВР, на местото извршила екипа од СВР Тетово и било констатирано дека станува збор за три ракетни гранати, една кумулативна мина од РПГ-рачен фрлач, една тромблонска мина со полнење и седум гранати со полнење од минофрлач од 60 мм, делумно корозирани.

Од стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје експлозивните средства биле безбедно подигнати и било констатирано дека се работи за експлозивни средства од кинеско и југословенско производство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот