Во тек е идентификација на сите учесници на струшката литија

Во тек е идентификација на сите учесници на Стушката литија кои ја прекршиле мерката за забрана за групирање на повеќе од двајца луѓе, информираше премиерот Оливер Спасовски.

-МВР не информираше дека тече постапка на идентификација на сите учесници кои ги прекршиле мерките за забрана за групирање на повеќе од двајца луѓе. Тоа не само што е неоговорно однесување, туку има и кривично правни последици. Тоа ќе важи за секој еден собир додека трае забраната за групирање на повеќе од двајца луѓе- рече Спасовски.

Спасовски, исто така, потсети дека Државната изборна комисија е должна врз основа на пропишаните рокови во законот да ги спроведе изборите, и за тоа постојат рокови точно дефинирани како и на кој начин тоа се прави.

-Државната изборна комисија е институција која спроведува изборни дејствија врз основа на одлуките кои ги носат инситуцииите на системот. Тоа е Собранието и оние кои се надлежни за одржување на изборите. ДИК е должна врз основа на пропишаните рокови во законот да ги спроведе изборите, и за тоа постојат рокови точно дефинирани како и на кој начин тоа се прави, рече Спасовски.

Скандалозни групирања на струшката литија (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот