Во светот се шири мистериозна болест, најмалку 21 починат во Авганистан

Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Во североисточен Авганистан починале над 21 лице од „мистериозна“ болест, соопштија денеска локалните власти.

Болеста се проширила во областа Вакан во планинскиот регион Памир, каде медицинските експерти се обидуваат да ја утврдат причината, соопштија локалните власти во провинцијата Бадакшан.

Како што јавува Анадолија, 21 лице починало во претходните две недели, додека Министерството за здравство објави дека медицински тимови го истражувале и регионот во близина на соседен Таџикистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот