Во светот можеби не е, но за нас е бизарна храна: Змии, желки, пајаци, лилјаци…

профимедиа

Иако многумина се нарекуваат гурмани, постои храна која не би ја пробале. Од оваа страна на Земјата, за нас, е сосема незамислива, па дури и самата помисла на неа ни предизвикува реакции во желудникот, но сепак, за некои, од другата страна на светот, ваквата храна претставува специјалитет.

За вкусовите не се дискутира, а може да судиме откако ќе ги пробаме. Заборавете на полжави и жаби ако нив ги сметате за необични специјалитети, зашто овие се навистина многу посериозни. Погледнете ја листата на најчудни специјалитети во светот и размислете дали сте доволно храбри да ги дегустирате.

Сушен морски папагал

Преслатки птици (по научно име познати како Fratercula arctica), послатки од пингвините и едни од симболите на Исланд. Иако меѓу бизарните специјалитети на северот може да се најде и ферментирана ајкула чија миризба само најхрабрите можат да ја прифатат, стекови од кит, тестиси од овци и зовриена овчја глава, „малите браќа на северот“, како што нивното име гласи на латински, предизвикуваат најголемо сожалување. Но, повеќето локални жители не се вознемирени што им се допаѓа нивното месо, кое потсетува на месо од патка, со арома на риба. Ова месо го сушат или го јадат како печење.

Супа од желка

Иако во некои земји е забранета како заштитен вид, во Кина, Сингапур, Еквадор и уште во некои земји, се уште се јаде супа од желка. Месото, кожата и внатрешните органи на желката се главни состојки на супата која, оние кои ја пробале, велат дека е божествена.

Змијско срце

Во Виетнам може да дегустирате змијско срце. Откако сами ќе одберете која змија ќе ви ја подготват, прво ќе добиете свежа крв. Срцето од змијата кое се уште пулсира ќе го стават во ракија и тоа е деликатес. Виетнамците сметаат дека ваквиот деликатес ја зајакнува машкоста. Е, потоа, ќе ви ја приготват кожата и останатите делови од змијата како специјалитет.

Пржени пајаци

Зашто наместо пржени компирчиња да не пробате пржени пајаци? Ако одите во Камбоџа, размислете за овој специјалитет. Се маринираат во шеќер и сол, а потоа се пржат.

Очи од туна

Туната ја јадеме сите, но во Јапонија постои специјалитет кој се подготвува од очи од туна. Се продава во суши рестораните. Вкусот се опишува како вкус на лигњи.

Супа од лилјак

Супа од лилјак? За чудо, супата е прилично популарна во некои делови на Кина, каде што се смета за деликатес.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот