Во Стар Аеродром ќе се гради нов парк на површина од 2.300 м2

Фото: Општина Аеродром

Општина Аеродром наскоро ќе започне со изградба на нов парк кој ќе се наоѓа на улицата 23 Октомври во Стар Аеродром. Според најавите новиот парк ќе се простира на површина од 2.300 м2.

– Во соработка со општествено одговорна компанија ќе се уреди нов парк со површина од 2.300 м2. Изградбата опфаќа детски парк и содржина за возрасни со новопроектирани пешачки патеки, простор за одмор, простор за одржување на настани, павилјон за одмарање, ново хортикултурно уредување и поставување на нова наменска урбана опрема. Воедно, тука ќе никнат и нови садници со кои ќе придонесеме за нашата општина да добие уште повеќе зеленило – изјави градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

Муцунски меѓу другото информира и дека, инвестицијата е вредна повеќе од 5.000.000 денари, а како што вели, ќе се реализира во соработка со компанија која помага овој дел од Општина Аеродром да добие нов лик како вистинска урбана општина.
– Овој парк ќе биде одлично место за рекреација на сите генерации, а ова е еден од многуте паркови кои ќе никнат со оваа локална власт и така само ќе го реализираме нашето предизборно ветување од нови 100.000 м2 зеленило во Општина Аеродром – заклучува Муцунски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот