Во Србија 300 хоспитализирани од ковид-19, болеста се шири, народот опуштен

Дијагностички центар во Србија / фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб, Предраг Кон изјави денеска дека епидемиолошката состојба во државата е влошена и уште повеќе ќе се влошува, очекувајќи оваа недела бројот на новозаболени да надмине 300 лица.

Тој истакна дека во следниот период сигурно ќе има четирицифрен број на нови инфекции на дневна основа, дека околу 300 лица сега се хоспитализирани, но не очекува притисок врз здравствениот систем како што беше кога имаше повеќе од 9.000 хоспитализирани во Србија.

На прашањето кога може да се очекува врв на четвртиот бран, Кон за ТВ Пинк рече дека нагорната линија трае осум недели – почна во последната недела од јуни и ќе продолжи во август. Дополнителен проблем, како што нагласи Кон, очекува во септември, на почетокот на учебната година, а претходно голем број луѓе ќе се вратат од летните одмори.

– Но, ние исто така имаме вакцинирани, што е важно како факт кој ќе влијае на развојот на ситуацијата. Ако немавме вакцинирани, не би било чудно овој последен скок да биде врвот, но ќе има четирицифрен број на заразени на дневна основа, тоа е јасно”, додаде Кон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот