Во Скопје ќе се снима спот: „Македонско девојче“ доби инструментална верзија на најновиот албум од Зеле Липовача

Profimedia
Profimedia

Една од најубавите македонски народни песни „Македонско девојче“, како инструментална верзија на Зеле Липовача, основачот на „Дивље јагоде“, е првиот сингл од неговиот нов, трет по ред соло-албум, работно насловен „You Are the Wind and I’m the Flame“, кој под закрилата на „Кроација рекордс“ треба да биде објавен оваа есен, 2021 година.

Зеле Липовача, голем вљубеник во Македонија, одамна размислувал за својата верзија на оваа извонредна тема, а сега со помош на пријателите, реализацијата беше само формалност.

Уникатната изведба на песната „Македонско девојче“ е во придружба со македонските музичари, браќата Гаро и Диран Тавитјан на тапани и тастатури, а на кавал е Александар Јовевски.

За песната беше претставено и визуелно видео во продукција на тимот на „Крорек дигитал“, додека официјалниот видеоспот наскоро ќе се снима во Скопје.
Песната е снимена во студиото „Парамециум“ во Скопје и во студиото „Шишмиш“ во Велика Горица, миксот и мастерингот ги направил Швиги, а продуцент е Зеле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот