Во Скопје 232 сообраќајни прекршоци, 34 за брзо возење 

Сообраќај / Фото: Архива на Слободен печат

На територијата на град Скопје во текот на засилените сообраќајни контроли вчера се изречени вкупно 232 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 15 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Од МВР информираат дека се изречени и 14 санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, 47 прекршоци што ги чинат пешаците, девет прекршоци од возачите на мотоцикли, шест за непрописно престројување, како и 65 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот