Во Сирија за 10 години војна речиси 500.000 жртви

Фото Архива на СП

Во Сирија за време на една деценија војна имаше речиси половина милион жртви, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права (СОХР).

Сириската невладина организација ги објави новите податоци откако ја потврди смртта на 100.000 луѓе.

„Огромното мнозинство на потврдени смртни случаи се однесува на периодот од крајот на 2012 година до крајот на 2015 година”, рече директорот на Опсерваторијата, Рами Абдул Рахман.

Според Опсерваторијата, во сирискиот конфликт од 2011 година досега починале вкупно 494.438 лица.

Војната во Сирија влезе во 11-та година во март, а повеќе од 12 милиони луѓе се раселени или протерани, според Обединетите нации. Исто така предизвика големи штети и ја уништи економијата на земјата. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот