Во Швајцарија ќе бидат погребани таткото и синот од струмичко кои беа убиени на тамошна фарма
Според информации од Швајцарија, тие ќе бидат погребани таму поради пандемијата од коронавирус и неможноста да бидат донесени дома.
Во Лозана, Швајцарија денеска ќе бидат погребани таткото Наум Колев (47) и синот Андон (23) од селото Мокриево, струмичко, кои беа убиени на 26 минатиот месец во местото Соренс, во кантонот Фрибург, а нивните тела беа пронајдени наредниот ден на фарма за коњи покриени со арско ѓубре, соопштија од Македонската православна црковна општина „Собор на сите македонски светители”.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според информации од Швајцарија, тие ќе бидат погребани таму поради пандемијата од коронавирус и неможноста да бидат донесени дома.
Семејството Колеви петнаесетина години живеело во Швајцарија и важело за мирно и работливо. Според струмичани што живеат таму, таткото и синот заминале кобната вечер од својот дом за да си ги повлечат дадените пари за купување на земјоделска механизација.
Швајцарските истражни органи за убиството сомничат триесет годишен маж, кој е уапсен и ја признал вмешаноста во убиството. При претресот кај него било пронајдено огнено оружје, а истрагата треба да ги утврди околностите под кои биле убиени таткото и синот.


