Во Грција се потврдени 14 нови случаи на варијантата Омикрон/ Фото: ЕПА

Во северната грчка област Кожани повторно воведен карантин поради коронавирус

Во северниот грчки регион Кожани, каде живеат околу 150.000 луѓе, од денеска повторно се воведени мерки на изолација после појавата на десетина нови случаи на зараза со коронавирус во октомври.

Изолацијата ќе биде на сила до 29 октомври, соопшти синоќа грчката Агенција за здравство.

Маските се задолжителни надвор и внатре на работните места, сите собирања се забранети и секое движење надвор од зоните е забрането, наведе агенцијата.

Сите продавници, спортски сали, судови, ресторани, кина, музеи, археолошки локалитети во регионот се затворени, вклучувајќи го и градот Кожани, на северот од земјата.

Повеќе од 200 нови случаи на коронавирус се забележани во таа област во октомври, од кои 100 се само оваа недела, наведоа здравствените официјални власти укажувајќи на појавата на десетина помали жаришта на инфекцијата во таа област.

Грција со околу 11 милиони жители од февруари забележа речиси 24.000 заразени од коронавирус и над 480 починати.

Грчките власти настојуваат да ги избегнат новите мерки за изолација во Атина каде се сконцентрирани повеќе случаи.

(Извор: Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот