Фото: МВР / илустрација

Во Северна Албанија најмногу се одгледуваат наркотични растенија

Десетина полициски сили со поддршка на хеликоптери и беспилотни летала речиси секојдневно се испраќаат во планинската област на северот на Албанија, каде што е најраспространето одгледувањето наркотични растенија. Кодираните полициски акции „Чисти Алпи“ и „Чиста територија“ се одвиваат веќе неколку месеци на подрачје каде што од почетокот на годинава се откриени и уништени повеќе од 160.000 садници и наркотични растенија за кои постои сомневање дека се канабис сатива, пренесува Коссев.

Но, се верува дека оваа количина е само дел од она што се одгледува на теренот. Според бројот на уништени растенија, Скадарскиот округ со своите пет општини е на врвот на картата на одгледување наркотични растенија во Албанија. Само во последните две недели полицијата уништи со палење околу 50 илјади наркотични растенија, распоредени на мали парцели, во длабоки планински и ненаселени места, каде што е речиси невозможно дури и локалната полиција да ја контролира територијата. Најмногу парцели со наркотични растенија се откриени на подрачјето на Дукаѓин, општина Скадар, во планинските административни единици Шаља, Шоши, Пуљти и Темаљ.

Речиси 30 години ова е областа каде што се концентрирани полициските акции против канабисот, но без можност да се спречи феноменот на одгледување наркотични растенија. Во овој крај живеат мал број жители, поради тешките услови за живот и доселувањето на голем број семејства во градските средини. Ова ги фаворизираше криминалните групи да ја користат територијата за одгледување канабис. Полициските акции „Чисти Алпи“ и „Чиста територија“ нанесоа значителна штета на криминалните групи кои се занимаваат со одгледување наркотични растенија, што предизвика нивна реакција. За најмалку седум случаи на поставување експлозивни направи во близина на резиденција на полицајци во Скадар, како и поставување експлозивни направи во резиденција на судија, има сомнение дека се дел од реакцијата на поединци и криминални групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот