Во Самоа досега има само 18 позитивни случаи на ковид, а премиерката денес воведе локдаун

Знаме на Самоа/ Фото Speed Media/Icon Sportswire / Newscom / Profimedia

Премиерката на Самоа денеска воведе 48-часовен локдаун во оваа пацифичка земја, откако 15 патници од Австралија се тестирани позитивни тестот за коронавирусот, а земјата досега има вкупно 18 случаи од почетокот на пандемијата.

Заразените патници биле меѓу 73-те кои дошле од австралискиот град Бризбејн во средата.

И премиерката на Самоа Фиама, Наоми Матафа изјави дека Владата во иднина би можела привремено да ги прекине летовите од Австралија, а одложен е и планираниот лет од Нов Зеланд.

Сите патници на спорниот лет, како што е соопштено, биле целосно вакцинирани и биле негативни на тест за ковид пред полетувањето.

Гувернерот на соседна Американска Самоа, Леман Палепои Сиалега Мауга, издаде соопштение во кое упатува зборови на солидарност до Самоа и поддршка за премиерката.

Тој исто така рече дека летовите меѓу неговата територија и Самоа се откажуваат на една недела.

Американска Самоа, земја со 200.000 граѓани, исто така има 18 регистрирани случаи, од кои сите биле патници на „Хаваи Ерлајнс” од Хонолулу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот