Фото: Пекселс, Taylor Hunt

Во САД по 400 години амнестирани се 12 лица обвинети за вештерство

Американската сојузна држава Конектикат по речиси 400 години амнестира 12 лица осудени за вештерство за време на колонијалната ера, соопштија денеска од Вашингтон.

Вкупно 11 беа обесени по судењата за вештерство во Конектикат во средината на 17 век, а еден беше поштеден од смртна казна.

Официјални лица на таа американска држава усвоија резолуција со која жртвите се прогласуваат за невини и ги осудуваат изречените казни.

Здружението на потомци на жртвите ја поздрави одлуката наведувајќи дека потомците воделе кампања за постхумна рехабилитација на осудените предци.

Неколку стотици луѓе, главно жени, биле обвинети за вештерство во 17 век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот