Во Прилеп тројца новозаболени од коронавирусот, граѓаните го почитувале полицискиот час

Во Прилеп денеска се регистрирани три нови случаи на лица инфицирани со коронавирусот и вкупната бројка достигна 103 заразени лица. Во самоизолација се 422 лица, а изминатата ноќ граѓаните го почитувале полицискиот час и не се забележани негови прекршувања.

Прилепските градски власти ги информираат земјоделците кои не се регистрираа, а имаат потреба за работа во поле да го известат Општинскиот кризен штаб.

– Земјоделците кои не се евидентирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства, а кои имаат потреба за извршување на земјоделски активности од сабота, 18, до вторник 21 април,  да го известат Општинскиот кризен штаб на телефонскиот број 0800 00 210 каде ќе ја најават потребата од дневна земјоделска активност. Потребата за движење треба да се најави еден ден претходно, најдоцна до 20 часот. Притоа, точно треба да дефинираат времето и местото на извршување на земјоделските активности. Нема да сe издаваат дозволи за движење, туку само ќе се евидентираат земјоделците кои го пријавиле своето барање за непречено движење поради извршување земјоделски активности, а потоа списокот на лицата ќе биде доставен до надлежните полициски организациски единици. На овој начин на неевидентираните земјоделци ќе им се овозможи непречено движење во викенд деновите, со цел извршување на тековните земјоделски активности, соопштија прилепските градски власти.

Во Прилеп се објавени и сервисни информации за работата на маркетите, аптеките и волонтерската служба во Општината.

Дежурни се девет маркети:

„ФУТУРА” – телефонски број 075 395 408,

„СТИБЕРА” – 076 741 572,

„ИРНЕКС” –  075 308 683,

„ТИНЕКС” – 071 275 684,

„БОНИТА” – 070 353 609,

„ЏИМИ МАРКЕТ” – 076 790 772,

„МЕГА МАРКЕТ ПАТА” – 070 259 199,

„НОВА САНДРА” – 075 415 454

„МАРКЕТ НОВА ПЛУС” – 070 502 703.

Работното време на маркетите е од 7 до 15 часот, а доставата на нарачаната стока маркетите ја вршат со сопствен превоз.

За време на празничниот продолжен викенд во полицискиот час, дежурна аптека во Прилеп, во петок, сабота и недела е „Ремедија” – 048/423-455, а од понеделник до недела 26 април е аптека „Мента Фарм 2″ со телефонскиот број 070 711 651.

Работното време на аптеките е 24 часа, по телефонски повик од лекарски тим од здравствената установа каде се спроведува дежурството.

Волонтерската  служба на Општина Прилеп ги има контакт телефоните: 048 401 700 и 0800 00 210

В сабота и в понеделник, 18 и 20 април, волонтерската служба на Општина Прилеп ќе биде достапна 24 часа, исклучително за доставување лекарства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот