Во Прилеп е поставена изложба на дела од ликовната колонија „Дрен 2023“

НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп

Изложба на дела од ликовната колонија „Дрен 2023“, што во своето 15-то издание се одржа во јули 2023 година, отворена е во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

На изложбата се претставени новосоздадени дела од уметниците Павлина Копано, Славица Танеска, Александра Димитрова, Мирјана К. Массети, Дамјан и Елена Ѓуров, Стефан Анчевски, Благојче Наумоски – Бане, Методи Исков, Маја Ралева Миладиновски, Филип Јовески, Филип Перески, Маја Танеска, Тони Чатлески, Верче Николоска, Славчо Павлески, Габриел Димитровски, Филип Ристески, Елена Пантелиќ и Марјан Стојаноски.

Користејќи различни материјали, како дрво, метал, прилепски мермер, односно природни материјали, уметниците создадоа творби кои остануваат трајно наследство за Центарот и на државата, бидејќи колонијата се реализира со поддршка на Министерството за култура. Преку 30 дела од меѓународната ликовна колонија „Дрен 2023“ се на увид пред љубителите на уметноста.

– Од многубројното и разнообразно творештво коешто го создадоа уметниците – сликари и скулптори, можат да се препознаат и дефинираат повеќе разни ликовни стилови: експресионизам, минимализам, асоцијативна и геометриска апстракција, како и фантастичен реализам – истакнува м-р Викторија Васева Димеска, историчар на уметност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот