Фото: OSCG

Во Подгорица е потпишан договорот за формирање на регионални ракометни лиги

Денеска во Подгорица, Црна Гора, беше направен значаен исчекор за иднината на регионалниот ракомет со потпишувањето на Договорот за формирање на регионални лиги во машка и женска конкуренција. Договорот го потпишаа ракометните федерации на Црна Гора, Србија и Македонија, потврдувајќи ја заедничката определба кон зајакнување на квалитетот на натпреварувањето, развојот на играчите и унапредување на севкупниот ракометен амбиент во регионот.

Регионалната машка лига ќе брои 10 клубови — по четири од Србија и Македонија, како и два од Црна Гора — додека регионалната женска лига ќе има десет клубови од пет земји од регионот: Црна Гора, Србија, Македонија, Хрватска и Словенија, со по два претставници од секоја држава.

Овој проект претставува важен чекор кон создавање поквалитетен и поконкурентен натпреварувачки систем, кој на клубовите ќе им овозможи поголем број силни натпревари, дополнителен развој на младите играчи и тренери, поголема медиумска видливост, како и посилен комерцијален потенцијал за ракометот во целиот регион.

Посебна вредност на овој проект му дава фактот што станува збор за заедничка иницијатива на федерациите и клубовите, заснована на партнерски однос, меѓусебна доверба и заедничка визија за развој на ракометот во Југоисточна Европа.

Потписниците на Договорот изразија уверување дека регионалните лиги уште од првите сезони ќе донесат нов квалитет, дополнителна атрактивност за навивачите и спонзорите, но и ќе претставуваат силен поттик за понатамошен развој на ракометот во сите земји учеснички.

Во наредниот период ќе биде формирана заедничка канцеларија на лигите, ќе бидат дефинирани сите натпреварувачки и организациски модели, како и календарот за почеток на натпреварувањата. Денешниот ден претставува почеток на едно ново и амбициозно поглавје во регионалниот ракомет, со јасна цел — создавање модерно, стабилно и квалитетно регионално натпреварување кое ќе биде гордост за сите учесници и за целиот европски ракомет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот