Во петок ќе се блокираат клучни улици, скопјани пред нов сообраќаен хаос

Протест на приватниот автобуски превозници/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Точно кои сѐ крстосници и фреквентни улици и булевари ќе бидат блокирани во петок, ќе се знае откако приватните превозници ќе се договорат и ќе одлучат за следните чекори

„Револтирани сме од постојаните лаги кои ги шират надлежните за нас и затоа во петок ќе ги радикализираме протестите и ќе ги извадиме на улица сите автобуси со кои располагаме. На клучните сообраќајници во Скопје ќе бидат паркирани нешто повеќе од 200 автобуси на превозниците од двете здруженија „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ и на тој начин ќе го „парализираме“ Скопје“ – ова го најави Ленин Јовановски, првиот човек на „Слобода превоз“.

– Со оглед на информацијата од МВР дека доаѓа висока делегација од Германија на чело со претседателот, лично ги замолив превозниците да покажат со гест дека не сакаат да го нарушат угледот на државата и да ги отежнат безбедносните протоколи – да се повлечат од блокадите во период на присуство на делегацијата односно до четврток, а доколку дотогаш не се постигне некаков договор со Градот Скопје и ЈСП, на улица ќе излезат повторно во петок – вели Јовановски.

Според него, точно кои се крстосници и фрекфентни улици и булевари ќе бидат блокирани во петок, ќе се знае откако претставници на приватните превозници ќе се договорат и ќе одлучат кои се чекори ќе ги превземат понатаму. Сепак, како што истакна Јовановски, граѓаните за секоја нивна одлучат ќе бидат навремено информирани.

– Возачите на автобусите се револтирани. Наместо да се обидеме сите засегнати страни да најдеме соодветно решение за настанатата ситуација, градоначалничката Данела Арсовска шири невистини за нас – вели првиот човек на „Слобода превоз“ кој вели и дека и покрај сите тврдења, тие како групација поседуваат 131 автобус, а приватните превозници од „Макекспрес“ пак располагаат со 77 автобуси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот