Фото МВР
Фото МВР

Во пет пликоа прошверцувал 35 илјади евра, полицијата го приведе

Лишени од слобода се возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, кај кои биле пронајдени непријавени 34.965 евра, соопшти МВР. Полициските службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција на подрачје на СВР Тетово сопреле автобус „мерцедес” сопственост на туристичка агенција управуван од Р.Ф.(37) од село Доброште, тетовско кој сообраќал на релација Германија-Македонија.

Фото МВР
Фото МВР

При преглед на автобусот во приколката се пронајдени повеќе канти за кој лицето не поседува документи и дозволи за транспорт. Додека при извршен преглед кај еден од патниците Ф.И.(20) од Теарце, тетовско пронајдени се пет пликоа со разни апоени, со вкупна вредност од 34.965 евра кој истиот ги внел преку Граничниот премин Табановце без притоа да ги пријави и притоа не поседувал никакви документи за сопственост и потекло на парите. Лицата се лишени од слобода по член 278 „криумчарење” од Кривичниот законик и член 29 од Закон за девизно работење и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, велат од полицијата.

Фото МВР
Фото МВР

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот