Во Непал уапсен „Детето Буда“: Контроверзниот духовен водач обвинет за сексуално злоставување на малолетнички

Детето Буда од Непал / Фото EPA-EFE/NARENDRA SHRESTHA

Контроверзниот духовен водач на Непал, познат како „Детето Буда“, е уапсен под обвинение дека сексуално злоставувал малолетничка и дека учествувал во исчезнувањето на најмалку четворица следбеници од неговите кампови, соопшти денеска непалската полиција.

Многумина Непалци веруваат дека Рам Бахадур Бамџан е реинкарнација на Буда, кој е роден во југозападен Непал пред 2.600 години, додека будистичките научници се скептични за тврдењата на Бамџан.

Полицијата денеска го донесе пред медиумите со лисици на рацете и рече дека се обидел да побегне, скокајќи од прозорецот на вториот кат кога полицајците дошле да го уапсат, но не успеал и бил приведен.

Официјалните лица покажаа и куп непалски валути за која рекоа дека се во противвредност 227.000 американски долари, како и други странски валути во износ од 23.000 американски долари, кои беа запленети од домот на Бамџан во моментот на апсењето.

Се очекува Бамџан да биде изведен на суд во јужниот дел на Непал, каде се случија наводните злосторства. Бамџан, кого следбениците го нарекоа „Момчето Буда“, стана познат во јужен Непал во 2005 година кога многумина поверуваа дека тој е способен да медитира со месеци без да се движи додека седи под дрво без храна и вода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот